Поставувањето цементна кошулка само по себе претставува доста важен процес заради неколку причини меѓу кои и со нејзино поставување се завршува процесот на звучна изолација. Имено,  високото ниво на звучна изолација во нашиот објект е постигнато и со поставување камена волна на реномираниот германски производител Knauf помеѓу бетонските површини на подот и цементната кошулка. Понатаму, преку поставувањето на цементната кошулка на некој начин се корегираат и најмалите нерамнини на бетонската плоча и се добива идеална рамна површина за поставување на финалниот производ на подот. Процесот сам по себе бара стручност и внимание на највисоко ниво заради избегнување на дополнителни проблеми кои можат да се појават доколку не бидат запазени одредени правила и техники во самата фаза.

По многу анализи а врз основа на позитивни критики од страна на други корисници, како единствен добавувач на керамички плочки и материјали беше избрана компанијата Енмон од Велес. Покрај широкиот избор на секаков вид керамички плочки од различни производители, самата компанија произведува и високо квалитетна фуга и лепак за плочки, а во нивните продажни салони можат да се најде и комплетна санитарија за купатилата. Во квалитетот на производите на оваа компанија се уверивме и ние. Купатилата, кујните, терасите како и ходниците во нашиот објект добија посебен сјај.