Веднаш по подобрувањето на временските услови започнавме со машинско малтерисување на внатречните ѕидови. За оваа фаза беше доведена екипа од професионални “малтерџии” директно од Италија од каде истотака беа набавени аголните лајсни и лајсните за правец на ѕидовите, додека пак машинскиот малтер е набавен од ОММ Огражден од Струмица. Со квалитетниот кадар и квалитетниот материјал добивме 100% прави ѕидови со најквалитетна подлога за нивна понатамошна обработка.

Молерските работи започнаа со бандажирање на бетонските делови (плафоните, столбовите, бетонските платна и бетонските греди) како и поставување на аголни лајсни  на столбовите и бетонските греди. Понатаму, следуваше глетување на ѕидовите во 2 раце, стругање на глет-масата и бојадисување со поликолор. Посебно внимание е посветено на оваа фаза бидејќи доаѓаме до финален производ кој ќе биде видлив и кој бара перфекција во изведбата за добивање на највисок квалите. И во оваа фаза е користен висококвалитетен кадар и материјал.